ЕДУКАЦИЈА EASYTAPING Macedonia (21-22 јануари 2023)
Здружение на Професионални физиотерапевти на Р.Македонија организира Едукација по EASYTAPING од 21-22 јануари 2023 год.
Место на одржување: Центар за Ортотика и протетика-Славеј, Скопје.
Поради неговата популарност и ефикасност, Здружението веќе неколку пати успешно ја организира Easytaping едукација.
Курсот можат да го посетат и студенти по физиотерапија, лекари, дифовци и останати сродни гранки од медицината; Инструкторите се од Република Српска-БиХ: дипл.фт,Дијана Брборовиќ и дипл.фт,Марко Пуреновиќ.
Среќна Нова 2021
ТРЕТ КОНГРЕС Хотел Панорамика, Скопје, Македонија 22-24 септември 2023
Задоволство ни е да Ве поканиме на нашиот Трет Конгрес нa Здружение на Професионални Физиотерапевти на Македонија, со меѓународно учество, кој ќе се одржи во нашиот главен град Скопје, од 22-24 септември 2023 година. Се надеваме дека и овој Конгрес како и претходните ќе биде исполнет со новини од доменот на Физиотерапијата и Рехабилитацијата.
Среќна Нова 2022
На сите членови, пријатели и поддржувачи на нашето Здружението, Среќна нова 2022 година, многу среќа, здравје, и успеси во приватниот и професионалниот живот.
Цервикогена главоболка - Еволуција и третман - ВЕБ СЕМИНАР - 30.12.2020, 17:00
Опис
• Дефинирање на цервикогена главоболка
• Идентификување на систем на класификација на главоболки
• Одбирање и извршување на дијагностички техники за клиничка проценка за да се идентификува присуството на цервикогено потекло на главоболката
• Демонстрација на техники на лекување засновани на наоди од испитување за оние кои имаат цервикогени главоболки
Предавач:
Sakis Adamidis - PT, PhD, MCTA, IPNFA, IBITA. Вебинарот ќе го води познатиот Светски инструктор за PNF, Mulligan& Bobath, Сакис Адамидис од Грција