Среќна Нова 2022
На сите членови, пријатели и поддржувачи на нашето Здружението, Среќна нова 2022 година, многу среќа, здравје, и успеси во приватниот и професионалниот живот.
На сите членови, пријатели и поддржувачи на нашето Здружението, Среќна нова 2022 година, многу среќа, здравје, и успеси во приватниот и професионалниот живот.
Со задоволство Ве информираме дека курсот по Mulligan техника ќе се одржи од 16-18 октомври 2020 год. во Скопје. Секој учесник на курсот добива детална скрипта што е предвидена за курсот А, т.е. мобилизација на горен дел на телото, вклучувајќи ја и торакалната регија. Секој што ќе го заврши курсот добива светски признат сертификат кој се заведува во централата на Mulligan.
Чест и задоволство ми е во името на Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија, на сите колеги и колешки, да им го честитам Светскиот ден на Физиотерапевти и посакам многу здравје и успех во професионалната работата!
Здравјето е едно од основните човекови права и од најголема важност. Напорите кои ги прават физиотерапевтите е да се изгради и поголема свест за здравјето, бидејќи тоа претставува приоритет за нормален и квалитетен живот. Здружението на Професионални Физиотерапевти на Р.Македонија континуирано работи на едукација на физиотерапевтите кои со останатите здравствени работници придонесуваат за подобра здравствена заштита на нашите граѓани. Што би рекол Цицерон, Здравјето е најголемото богатство!
Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.
Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |