Успешно завршен курс по EasyTaping методата, во организација на Здружение на професионални физиотерапевти на Македонија
Успешно завршен курс по EasyTaping методата, во организација на Здружение на професионални физиотерапевти на Македонија
Инструктор, Дијана Брборовиќ; 24-25 октомври 2015 Скопје, Македонија
Соработка
Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија соработува со здруженијата како од земјата така и странство.
Тие се наши партнери со кои заеднички ги усогласуваме и развиваме нашите идеи и размислувањата во врска со физиотерапијата. Хрватскиот збор на физиотерапевтите, Здружението на физиотерапевтите на Србија, Здружението на физиотерапевтите на Република Српска, како и Здружението на физиотерапевтите на федерацијата на Босна и Херцеговина се пријатели на Здружение.
Невладиниот сектор и институциите кои имат допирни точки со физиотерапијата се исто така важен елемент за соработка и реализација на проекти од заеднички интерес. Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја, Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Скопје, како и Мобилноста предизвик (Mobility Challenge) се субјекти од посебен интерес.
Неопходноста од ваквиот однос на соработка ја одредува и успешноста на самото постоење.
Курс по EASYTAPE метода (2 и 3 Април 2016)
Поради голем интерес, Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија повторно организира курс по ЕАЅУТАРЕ методата. Курсот ќе се одржи во Скопје од 2 - 3 Април 2016, во просториите на BAUERFEIND, ул. 50-та Дивизија 24А, до Клинички центара со почеток во 10 часот.
Курсот ќе го води акредитиран инструктор од Бања Лука, Дипл. фт., Дијана Брборовиќ.
Цената на курсот за членови изнесува 130 €. За нечленови изнесува 160 €.
Во цената се вклучени: 2 ленти и скрипта.
Простор, терапевтски кревети, храна и пијалок, обезбедува организаторот на курсот.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУРСОТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО.
Лица за контакт:
Николина Смилевска 077/ 837 021
Ивана Павловска077/ 967 263
ПРВ КОНГРЕС - „ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 21ВЕК“
ПРВ КОНГРЕС
Хотел Ривиера, ОХРИД--Македонија
17- 20 септември 2015
Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија го организира Првиот Конгрес на професионални физиотерапевти на Македонија со меѓународно учество. Конгресот има за цел, приближување на интересните свери на сите физиотерапевти од регионот, и меѓусебна размена на искуство.
„ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 21ВЕК“