Кои се нашите цели?
Кои се нашите цели?
- вообличување на физиотерапевтските ставови и претставување во јавностa,
- организирање на физиотерапевтите на територијата на Република Македонија и координирање на активностите од образовната сфера,
- обезбедување на услови за публикување на трудови на своите членови,
- унапредување на струката во соработка со други организации и асоцијации и ширење на физиотерапевтското влијание,
- заштита на името и дејноста на профилот «физиотерапевт»,
- континуирана едукација на своето членство на полето на физиотерапијата,
- соработка со Светската конфедерација за физикална терапија,
- тесна соработка со државните органи и институции, здравствени организации и здруженија од земјата и од странство, при реализација на своите цели.
Професионалното согледување на реалните потреби гарантира посебен пристап во струката. Повикувајќи се на старите искуства и знаења, одржливиот позитивен хронолошки развој на работите го чини Здружението силно и насочено исклучително кон својата професија.